Најмалку 12 лица се ранети во градот Едмонд, во американската сојузна држава Оклахома, кога дошло до пукање за време на забава покрај езеро, соопштија локалните власти.
Портпаролката на полицијата во Едмонд, Емили Ворд, изјави дека властите добиле пријава за пукање околу 21 часот во неделата, на собир на млади луѓе во близина на езерото Аркадија.
Таа додаде дека засега нема уапсени лица, пренесува Асошиејтед прес.
