Најмалку 16 лица починаа како резултат на жештината во Јужна Кореја, објавија денес здравствените власти.
Од средината на мај, кога беше воведен системот за следење на болести поврзани со жештината, вкупно 2.900 лица побарале итна медицинска помош, објави новинската агенција Јонхап, врз основа на податоци од Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA).
Топлотниот бран трае девет дена по ред, при што бројот на пациенти поврзани со жештината надминува 100 дневно, додека смртни случаи се пријавуваат четири дена по ред.
