Најмалку 20 повредени во судар на трамвај во Стразбур

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 20 лица се повредени во судар на трамвај во саботата во близина на железничката станица во Стразбур, соопшти префектурата.

„Првиот биланс е 20 полесни повреди“, изјави портпаролот на префектурата, додавајќи дека се уште не се разјаснети околностите за несреќата.

Новинар на АФП јавува дека е воспоставен безбедносен кордон околу местото на несреќата и дека има многу возила за итни случаи пред станицата.

Видеото од очевидци објавено на социјалните мрежи покажува хаотична сцена и два тешко оштетени трамваи во тунелот, на ниво на станица. Се чини дека еден од трамваите излетал од шините поради судирот.

Стразбур беше првиот голем француски град кој ги врати во употреба трамваите во 1994 година и оттогаш немаше поголеми несреќи.