Најмалку 26 загинати и 59 исчезнати во израелски напад на станбена зграда во Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цивилната одбрана во Газа денеска соопшти дека најмалку 26 лица, меѓу кои жени и деца, загинале, додека најмалку 59 лица се водат како исчезнати по израелскиот воздушен напад врз станбена зграда во Беит Лахиа, на северот на палестинската територија.

Во нападот, кој се случил во текот на ноќта, целосно е уништена петкатницата. Според Махмуд Базал, портпарол на Цивилната одбрана, спасувачките тимови извлекле 26 тела од урнатините, додека многумина се уште се затрупани под купишта бетон и урнатини.

Фотографиите и видеата покажуваат целосно срамнета зграда, додека очајните локални жители со голи раце се обидуваат да ги отстранат урнатините во потрага по преживеани. Телата на жртвите, завиткани во чаршафи, се однесени во колички влечени од магариња, што дополнително ја илустрира тежината на ситуацијата.