Најмалку 34 лица загинаа во циклон во Мозамбик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 34 лица загинаа во циклонот Чидо во Мозамбик, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), повикувајќи се на податоци од националната агенција за вонредни состојби.

„До 17 декември 2024 година, се проценува дека 174.158 луѓе биле погодени од циклонот, 34 луѓе загинале, а 319 се повредени“, се вели во соопштението на OCHA, цитирано од Институтот за природни катастрофи во Мозамбик, пренесе Ројтерс.

Малиот француски остров Мајот го презеде најголемиот дел од циклонот, при што се верува дека илјадници луѓе загинале пред циклонот да продолжи кон Мозамбик, на источниот брег на јужна Африка.