Најмалку 58 луѓе загинаа при напад на екстремистите во Нигер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Напаѓачи на мопеди во понеделникот нападнаа цивили кои се враќале од пазар за животни на границата помеѓу Нигер и Мали и убија најмалку 58 луѓе, изјави синоќа владиниот портпарол и прогласи тридневна жалост.

Напаѓачите во регионот Тилабери запалиле и амбари со храна.

Се уште никој не презел одговорност за нападот, но во тој регион дејствуваат екстремистите од Исламска држава во Голема Сахара, кои често напаѓаат села.

Во јануари во две села во Тилабери беа убиени сто луѓе.