Најмалку четири мигранти загинаа, меѓу кои две деца на возраст од три и четири години, додека го преминувале Средоземното Море од Либија кон Италија, соопшти во недела германската невладина организација RESQSHIP, додавајќи дека 59 преживеани се спасени.
Мигрантите беа пресретнати во саботата на гумен чамец кој пловел изгубен јужно од Лампедуза. Пловилото било забележано од авион на Фронтекс.
„Кога стигнавме до гумениот чамец околу 16:30 часот, веќе беше предоцна да им помогнеме на некои од овие луѓе“, објави RESQSHIP.
ФОТО: Архива
