Најмалку девет лица починаа од ебола во Уганда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на луѓе кои починаа од ебола во Уганда се искачи на девет, соопшти Министерството за здравство на земјата, пренесува Ројтерс.

Како што е соопштено, претходниот биланс на загинати беше три.

Со цел да се спречи ширењето на болеста во градот Кампала, тим од научници од почетокот на месецот работи на планираното одобрение за употреба на повеќе од 2.000 дози од вакцината против суданскиот вид ебола, соопшти Истражувачкиот институт за вирусологија.