Најмалку две лица загинаа во експлозијата на рафинерија во Фиренца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, девет се повредени, а тројца се водат за исчезнати по експлозија во складиште за гориво на петрохемиската компанија Ени во близина на Фиренца , изјави во понеделникот гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани.

„Операцијата за спасување и помош се уште е во тек“, соопштија властите во Фиренца по свикувањето на состанокот на единицата за итнo спасување.

Експлозијата се случила во магацин за гориво, соопшти компанијата Ени.

„Ени потврдува дека утринава избувнал пожар во складиште за гориво во Каленцано (Фиренца) и дека пожарникарите работат на гаснење на oganot, кој е ограничен на товарниот простор и на никаков начин не влијае на резервоарите за гориво“, велат од компанијата.