Најмалку едно лице загина а преку 60 се повредени во пожарите во Анталија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Огромни шумски пожари беснеат во јужна Турција, во близина на познатиот турски туристички центар Анталија.

Снимките покажуваат дека неколку шуми се зафатени со огромни пожари, а пожарникарите се борат да ги локализираат.

Најмалку едно лице е загинато, а преку 60 се повредени, додека на одредени места е наредена евакуација.

„Пожаро се наближува до градот. Уште повеќе се шири со ветрот. Не е можно во моментов да ја одредиме висината на штетата. Штетата е огромна во селата. Вакво нешто не сме виделе до сега“, рече градоначалникот на Анталија, Шукру Созен.

Во моментов пожарите се локализираат со авиони, 19 хеликоптери, 108 возила и 400 пожарникари.