Најмалку пет лица загинаа во Авганистан во напад на бомбаш-самоубиец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица загинаа кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина на банка во североисточен Авганистан, соопшти денеска полицијата.

Нападот се случил утрово во 8:35 часот пред филијала на Кабул банка во провинцијата Кундуз , објави Ројтерс. 

Според податоците на полицијата, убиен е чувар на банка, како и уште четири лица, меѓу кои цивили и членови на талибанската влада. 

Седум лица се повредени, изјави полицискиот портпарол Џума Удин Какаср. 

Тој не кажа кој би можел да биде одговорен за нападот, а ниту една група сè уште не ја презела одговорноста. 

Милитантните групи, вклучително и ограноците на Исламската држава во Авганистан , се борат против Талибанците долго време откако тие ја презедоа власта во 2021 година, посочува агенцијата. 

Талибанските власти тврдат дека во голема мера ја поразиле групата, иако таа продолжува да извршува напади низ целата земја.

ФОТО: Архива