Во пожар што рано утринава избил во станбена зграда во иранскиот град Комо починале најмалку пет лица , меѓу кои и едно двегодишно дете, а 38 лица се поврдени.
Засега не се знае што е причината за појава на пламенот во зградата со 228 станови во светиот град Комо, јавија американските медиуми.
Според пртвичните извештаи, двајца мажи и две жени починале од вдишување чад во ходникот од зградата додека се обидувале да побегнат од пламените јазици, а детето починало во болница.
Пожарникарите евекуирале 160 лица кои биле заробени во своите станови кога пожарот избил околу 3 часот утринава.
Телевизиите соопштуваат дека во пожарот се уништени речиси сите автомобили во гаражата од станбената зграда. Комо, каде доаѓаат верници привлечени од познатото шиитско светилиште, беше центарот на заразата од коорнавирусот во Иран, со досега 63 потврдени случиа на заразени.
Иран со новиот вирус е најтешко погодената земја на Блискиот Исток, а бројот на смртни случаи денеска достигна 34, што е најмногу после Кина, а бројот на заразени изнесува 388, пренесуваат агенциите.