Шест лица загинаа, пет се во критична состојба, а над 11 се со тешки повреди во пожар што избувна во приватен дом за стари лица во Аман, главниот град на Јордан.
Министерството за здравство на Јордан соопшти дека во пожарот биле повредени 66 лица.
Министерот за социјален развој Вафа Бани Мустафа кажа дека останатите жители на домот биле успешно евакуирани. Во домот за стари лица во моментот на пожарот престојувале 111 лица.