Најмладиот и највозрасниот пратеник – Николовски посветен на пензионерите, Ќазими на младите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред да стане пратеник, бил активен во општеството барајќи ги правата на пензионерите. Иако повозрасен, 72 годишниот Илија Николовски  вели дека се чувствува помлад од многу други пратеници.

Иако ја смени позицијата во општеството, од активист во пратеник, Николовски и натаму е посветен на реализирање на истите цели а тоа е покачување на пензиите.

Во Собрание ќе седне и Артина Ќазими, 23 годишна студентка. Иако се половина век разлика, возраста не претставува проблем и Ќазими да седне во пратеничкото столче.

„Моите врснички се интересираа за мода, спорт или музика, јас се интересирав за вести, политички дебати…“, вели Артина Ќазими.

Ќе ја делат истата сала и минутажа на собраниската говорница, но се разликуваат по своите цели. 23 годишната Артина ќе се бори за обезбедување работни места за дипломираните.

„Јас иако сум млада, имам 23 години, моја најголема грижа е тоа што младите од нашата земја, повеќето се дипломирани, заминуваат во западните земји. Јас со моите способности и помош од институциите ќе се обидам да го запрам иселувањето и секој млад човек да се вработи во татковината и на соодветно место“, посочи Артина Ќазими.

За Артина ова е прв пратенички мандат, а за Никола втор мандат а единствен од Партијата на пензионерите како дел од коалицијата Можеме. Во Собранието ќе седне и уште еден негов врсник, Стојан Миланов, а Ќазими нема врсничка во Собранието, следните по возраст по неа се од 28 и 29 години.