Најмногу дожд наврна во Прилеп и Тополчани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Прилеп и во Тополчани според податоците на Управата за хидрометеролошки работи.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2)

27 Прилеп, Тополчани, 16 Пожаране, 15 Маврови Анови, 14 Струмица, 12 Берово, Пожар, 9 Тетово, 6 Крива Паланка, 5 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Крушево, 3 Гевгелија, 2 Куманово, Штип, Попова Шапка, 1 Велес, Кавадарци, Лазарополе, Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 16 степени.