Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде термометарот покажуваше -7 степени. Студени температури под нулата се регистрирани и во Берово, Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, Тетово и Виница, додека најтопло утрово беше во Гевгелија со 3 степени.
Според податоците на УХМР, во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Гевгелија – 26 л/м², и во Демир Капија – 20 л/м².
Денеска времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд и снег, претежно во северозападните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека во Скопје се очекува температура до 6 степени.
