Најстудено место утрово во Македонија беше Попова Шапка, каде беа измерени -4 степени во 8:30 часот. Во Маврово и во Крушево беа измерени -1 степен. Во Берово и Лазарополе нула.
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
-4 Попова Шапка, -1 Mаврови Анови, Kрушево, 0 Берово, Лазарополе, 1 Крива Паланка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, 3 Тетово, Прилеп, Битола, Велес Кавадарци, Претор, Скопје-Петровец, 4 Струмица, Охрид, Демир Капија, 6 Гевгелија.
Времето денеска облачно претпладне, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
