Најстудено утрово на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спуштила до 3 степени. Студено утро имало и во Лазарополе со 5 степени, како и во Маврови Анови и Крушево каде се измерени 6 степени.

Во Битола, Крива Паланка и Берово биле измерени 7 степени, додека 8 степени имало во Охрид, Прилеп, Претор, Радовиш Пожар и Пожаране. Во Скопје-Петровец и Кавадарци утринската температура изнесувала 9 степени, а 10 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Куманово и Виница.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 24 степени.