Со два степени измерени во 8:30 часот утрово, Попова Шапка и Лазарополе беа најстудени места во Македонија.
Најтопло беше во Гевгелија каде беа измерени 14 степени.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде до 25 степени.
