Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Битола и во Гевгелија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка со -3 степени утрово беше најстуденото место во Македонија. После него следуваат Маврово, Лазарополе и Крушево со нула степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)

-3 Попова Шапка, 0 Mаврови Анови, Лазарополе, Kрушево, 1 Пожаране, 3 Крива Паланка, Тополчани, 4 Берово, Ѓуриште, Тетово, Претор, Охрид, 5 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Виница, 6 Кавадарци, Струмица, Штип, 7 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, 8 Гевгелија.

Најмногу дожд наврна во Битола и Гевгелија (седум литри на метар квадратен). Најмногу снег има на Попова Шапка, каде се регистрирани 67 сантиметри снег.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег.