На Попова Шапка утрово беше најстудено каде беа измерени четири степени. Крушево со шест и Лазарополе со седум беа на второто и третото место најстудени места.
Најтопло утрово во 8:30 часот беше во Куманово и во Гевгелија каде беа измерение 12 степени.
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Претор и во Маврово (2 литри на метар квадратен).
По еден литар на метар квадратен наврна во Лазарополе, Крушево, Демир Капија, Берово, Попова Шапка, Кавадарци, Битола, Штип, Охрид и Прилеп.
Времето денеска пороменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
