Најстудено утрово на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најстудено утрово беше на Попова Шапка, каде беа измерени -3 степени. Во Лазарополе, Маврово и Крушево беа измерени нула степени.

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)

-3 Попова Шапка, 0 Лазарополе, Маврови Анови, Kрушево, 2 Радовиш – Пожар, Пожаране, 3 Претор, Охрид, Крива Паланка, Ѓуриште, Тополчани, 4 Тетово, Прилеп, Берово, 5 Битола, Виница, 6 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Струмица, Штип, 7 Велес, Демир Капија, 9 Гевгелија.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија (14 литри на метар квадратен). После следуваат Струмица, Охрид, Берово, Скопје, Крушево, Претор…

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа (во l/m2)

14 Демир Капија, 13 Струмица, 12 Охрид, 11 Берово, 9 Скопје – Петровец, 8 Крушево, Претор, Пожаране, 7 Маврови Анови, Штип, Кавадарци, Прилеп, Попова Шапка, Лазарополе, 6 Ѓуриште, Гевгелија, Велес, Битола, Тополчани, 5 Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Виница, 4 Крива Паланка, 3 Радовиш – Пожар.

Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив превец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.