Утринските температури во земјава денеска се движеа од 0 до 8 степени, при што најстудено било во Берово каде се измерени 0 степени.
По него следуваат Битола со 2 степени, Маврови Анови, Тетово и Струмица со 3, додека 4 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Велес.
Во Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип и Куманово се измерени 5 степени, во Кавадарци, Гевгелија и Скопје-Зајчев Рид 6 степени, а најтопло утрово било во Виница и Крушево со 8 степени.
Според прогнозата, времето денеска ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови на одредени места ќе има појава на умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе достигне до 27 степени.
