Најстудено во Берово и Лазарополе, најтопло утрово во Виница!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измерени 4 степени.

Следуваат 5 степени во Mаврови Анови, 6 Тетово, Попова Шапка, Битола, 7 Охрид, Претор, Струмица, 8 Прилеп, Скопје – Петровец, Велес, Гевгелија, 9 Крива Паланка, Демир Капија, Kрушево, Куманово, Штип, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, 10 Виница.

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.