На социјалните мрежи е објавена фотографија од млада жена која како пожарникар со денови учествува во гаснењето на разорните пожари во Грција. На фотографијата таа седи во шумата и плаче, што покажува во колкава големина е катастрофата во која се наоѓа Грција.
Фотографијата е објавена на страницата „Forecast Weather Greece“ со пораки на охрабрување за сите пожарникари, Грци и туристи кои минуваат низ пеколот.
На сликата се гледа жена пожарникар која седи на подот и плаче, додека зад неа се издига густ чад.
Не е познато каде е направена фотографијата, но ја направил Јанис Јоанидис.
Токму оваа сцена предизвика многу реакции на социјалните мрежи, каде сите им даваат поддршка на пожарникарите.
