Најтажниот меч во историјата – Македонија триумфираше 3-0 против Лихтенштајн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со минутна молк во чест на жртвите од Кочани започна натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија во Вадуз.

Лесно и без притисок, Македонија триумфираше со резултат 3-0. Александар Трајковски во 7. минута го постигна првиот гол, додека во 41 минута, Висар Муслиу ја удвои предноста.

Крајниот резултат го запечати Бојан Миовски, кој постигна гол во 84. минута.

Вреди да се спомене дека во 59. минута од натпреварот, навивачите на Македонија го извикуваа името на градот Кочани за почит кон 59-те жртви.

Ова беше првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Тренерот Милевски се изрази задоволно од перформансите на играчите и рече дека многу е важно што репрезентацијата го започна циклусот со победа.