Најубавите плажи во Велика Британија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пролетта се ближи, па многумина сѐ повеќе размислуваат за одмор, патувања… Велика Британија обично не важи за сончева дестинација, но барем според она што повремено се објавува на Инстаграм, и оваа земја има што да понуди.

Следат најубавите плажи на Островот.

На врвот на списокот е „Кајнанс Коув“ во Корнвол, второто место ѝ припадна на плажата „Брајтон“ во Источен Сасекс, а трета е „Фистрал Бич“, исто така во Корнвол.

Списокот 10 најубави британски плажи го надополнуваат „Бич Скарборо“ (Јоркшир), заливот Ботани Беј (Кент), „Сигроув Бич“ (Островот Вајт), „Порткарно Бич“ (Корнвол), Бигбери-он-Си (Девон), „Дардл Дор“ (Дорсет) и Лох Морлих (Гленмор).