Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“ – најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија.

Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По шест години двајцата повторно се сретнаа во САД каде што заедно појадувале, а на крајот и се фотографирале за спомен.

Косен во 2014 година, во Лондон, Велика Британија, се сретна и со најниската личност во светот – Чандра Бахадур Данги од Непал (висок 54,6 цм), кој почина следната 2015 година.

Косен и Амге се дел од Гинисовата книга на рекорди од 2011 година. Во вторник патуваат за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот.