Накитена е најпознатата елка во светот – украсена е со три милиони кристали

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред два дена беа запалени светилките на елката пред Рокфелер центарот во Њујорк.

Светлата на најубавата елка во светот традиционално се палат во првата среда по американскиот национален празник Денот на благодарноста од 1933 година. Светлата се вклучени секој ден од 18:00 до 24:00 часот, а на Божиќ ќе останат запалени цел ден.

Борот е висок 25 метри и украсен со 50 илјади светилки, поврзани со жица во должина од осум километри. Нејзиниот врв е украсен со ѕвезда направена од три милиони кристали Сваровски, кои тежат вкупно 450 килограми, пишува CNN. Цената на елката се проценува на милион и пол долари.

Дрвото старо 90 години, тешко 14 тони, беше пренесено со камион и донација од семејството Лебовиц од Глен Фолс.

Пејачката и текстописец Кетрин Мекфи и нејзиниот сопруг Дејвид Фостер, Блејк Шелтон, Гвен Стефани, Џими Ален…