Намален бројот на ученици во прва година во Кичево, гимназијалците заинтересирани за професионалните насоки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од година во година бројот на ученици во нашата земја се намалува. Овој феномен е најприсутен во помалите општини.

Последните 3 години бројот на запишани ученици во гимназијата во Кичево варира + -10 ученици, но ако се направи споредба со пред10 години, бројот на ученици запишани во гимназијата е преполовен.

Средното општинско училиште „Дрита“ во Кичево досега има запишано 144 ученици, 35 во медицина, 92 во општа гимназија, 13 во економија и 4 во насока  електро.

Директорот на гимназијата, Фестим Ахмети вели дека како што се гледа од бројките, најбарана насока е медицина, но има интерес и за општата гимназија.

Најголема заинтересираност има за професионалните насоки, како што кажавте и вие, за медицина, годинава имаме насока формациски техничар, но има заинтересираност и за општата гимназија каде скоро половина од учениците конкурирале за гимназија.“, рече Фестим Ахмети.

Иста е состојбата и во Средното општинско училиште „Мирко Милески“ на македонски јазик, каде бројот на ученици од година во година се намалува. Оваа гимназија има 13 паралелки, 3 на турски и 10 на македонски јазик. Во ова училиште учат и учениците од Пласница и досега се запишани 142 ученици. И во оваа гимназија најголем интерес имало за професионални насоки како што се медицината и економијата.

Горенаведените бројки се од првиот и вториот уписен рок кои завршија вчера. Останува да се види уписот во 3-тиот рок што ќе биде на 30 јуни.