Наместо 3, 6 бесплатни ин витро – Клековски: барањата ќе се одобруваат за 2 недели наместо за три месеци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зголемување на бесплатните обиди за ин витро оплодува вклучување во основниот пакет на здравствени услуги како и усогласување на ослободувањето од партиципацијата.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски рече дека во иднина и одлуките за бесплатен ин витро ќе се носат за 2 недели наместо за три месеци, а ваучерите ќе ги добиваат дигитално а не како до сега по пошта. Минатата година биде поднесени 1.495 барања за ин витро од кои реализирани биле 1.108.

„Во однос на биомедицинското поддржано оплодување БПО или популарно ин витро првата измена е дека БПО станува составен дел од основниот пакет на здравствена заштита, втората измена е дека се зголемува бројот на БПО обиди на 6 од постојните 3 кои се на сметка на Фондот и се бесплатни за граѓаните и третата измена е дека се усогласуваат одредбите за партиципација, односно за ослободување од партиципација“, вели Сашо Клековски.

Измени се носат и за лекувањето во странство, рече вториот директор на Фондот Бранко Аџигогов, кој истакна дека најмногу пациенти се испраќаат на лекување во Турција и Германија а потоа и во нашите приватни болници.

„Од 2015 година Второстепената комисија презема улога да биде како контролор на Првостепената комисија, но се обремени процесот и поминуваше малку подолг период при одобрување на лекувањата за странство. Заедно со Државниот завод за ревизија и нивната препорака во самиот закон ги одвојуваме постапките така што Првостепената комисија за лекување во странство ќе си ги решава предметите а Второстепената ќе решава само по жалба како што е со сите други жалбени постапки“, вели Бранко Аџигогов

Инаку функција на вториот директор на Фондот наскоро ќе се укине и се враќа поранешниот систем на раководење со директор и негов заменик.