Намирници поволни за здравјето и работата на белите дробови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кој е сопругот на Камала Харис, првиот Втор господин на САД?

Сопругот на новоизбраниот потпретседател на САД, Камала Харис, Даг Емхоф, стана првиот Втор господин, откако неговата сопруга официјално ја...

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти...

ВИДЕО: Американец освои џекпот вреден 730 милиони долари

Американската лотарија „Пауербол“ објави дека освоена е наградата од 730 милиони долари, по неколку месеци во кои никој не...

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Одржувањето на здравјето на белите дробови е клучно за да се чувствувате добро. Но, голем број фактори, како што се цигарите и изложеноста на загаденоста и токсини во животната средина, можат да го нарушат здравјето на овие важни органи.

При оваа пандемија на коронавирус, којшто најмногу ги напаѓа белите дробови, здравјето на овој дел од телото е од уште поголемо значење. Следува список од 20 производи и намирници кои можат да ја подобрат работата на белите дробови…

Цвеклото и репката се богати со нитрати, за кои е докажано дека ја подобруваат функцијата на белите дробови. Нитратите помагаат во опуштање на крвните садови, го намалуваат крвниот притисок и го оптимизираат внесот на кислород. Пиперката е еден од најбогатите извори на витамин Ц кој делува како моќен антиоксиданс во телото. Внесувањето на витамин Ц е особено важно за пушачите

За јаболката, истражувањата покажаа дека консумирањето пет или повеќе од нив неделно е поврзано со подобра функција на белите дробови и намален ризик од развој на хронично белодробно заболување. Ова може да се должи на високата концентрација на антиоксиданси во јаболкото, вклучувајќи ги флавоноидите и витаминот Ц.

Тиквата содржи многу соединенија кои помагаат во одржување на здравјето на белите дробови. Особено е богат со каротеноиди кои имаат моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Куркумата, исто така,често се користи за подобрување на целокупното здравје поради своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни влијанија. Куркуминот – главната активна состојка на куркумата, може да биде особено корисен за белите дробови.

Доматот пак, е еден од најбогатите извори на ликопен во исхраната. Докажано е дека доматите го намалуваат воспалението на дишните патишта кај луѓето со астма.

Тука спаѓаат и боровинките, зелениот чај, црвената зелка, гравот, маслиновото масло, остриги, јогуртот, бразилските ореви, блитвата, рибата сардела…

Кафето, покрај обезбедувањето енергија наутро, може да помогне и во заштита од респираторни заболувања. Кофеинот делува поволно во отворање на крвните садови и може да помогне во намалување на симптомите на астма, барем на краток рок. Во таа смисла, се препорачува и какао, јачмен, леќа…

Леќата е богата со многу хранливи состојки што помагаат во подобрувањето на работата на белите дробови, вклучувајќи тука и магнезиум, железо, бакар и калиум. Медитеранската храна којашто се поврзува со здравјето на белите дробови, е исклучително богата со мешунки како, на пр. леќата.