Напад со нож на железничката станица во Хамбург, 12 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дванаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, во северна Германија, соопштија пожарникарите и полицијата.

Осомничениот е уапсен, а неколку лица се тешко повредени во неговиот напад и се во критична состојба.

Напаѓачот „повредил неколку лица со нож на централната станица“, соопшти полицијата во Хамбург во порака објавена на X.

Според портпаролот на противпожарната служба на Хамбург, контактиран од АФП, неколку од повредените се во критична состојба.