Во основно училиште во Загреб утрово имало напад со остар предмет.
Според хрватските медиуми, тинејџер со нож повредил наставник и шест ученици во Загреб, од кои едно дете починало.
Нападот се случил во основното училиште Пречко во Загреб, а според неофицијални информации напаѓачот се повредил и самиот.
„Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им е укажана лекарска помош“, велат од МВР.
