Во нападите на вооружени лица синоќа во Нигер, во селата во провинцијата Тахуа, недалеку од границата со Мали, се убиени 137 лица, соопшти владата на Нигер.
Ова се најсмртоносните напади што им се припишуваат на џихадистите во Нигер во последните неколку години.
„Систематско таргетирање кон цивилното население, овие вооружени разбојници влегоа во нова фаза на ужас и варварство. Владата ги осудува овие варварски напади од страна на поединци без вера и закон“, вели владиниот портпарол Закарија Абдурахаман во писмената изјава за државната телевизија.
Во соопштението се наведува дека биле преземени засилени безбедносни мерки во областа на нападот и е отворена истрага за изведување на сторителите пред суд.
Владата прогласи тридневна жалост. На 15 март, џихадистите нападнаа неколку возила кои се враќаа од саем во Банибангу и убија 66 жители на едно село.
