Напаѓачот се уште е во бегство – приведениот нема врска со нападот во Арачиново

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Напаѓачите од инцидентот во Арачиново се уште се во бегство.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја демантираше веста која синоќа кружеше во медиумите дека е приведен еден од инволвираните во престрелката во Арачиново, каде беа  повредени 2 лица, додека со нив бил и градоначалникот на Општината.

Според Бојмацалиев, полицијата има осомничени за нападот, но напаѓачите се уште се во бегство.

Од друга страна, и техничкиот министер, Панчо Тошковски, извести дека се приведени две лица како осомничени за вооружениот напад во Арачиново, по што е констатирано дека еден од нив се бара со потерница за друго кривично дело.

Инаку пред два дена во Арачиново беа повредени А.А. и Е.С. а денеска зм.министерот Назим Буши го посети еден од повредените во болница, при што Буши објави слика во Фејсбук со натписот „Посета на соборецот Ештреф“