Кујтим Фејзулаи, лицето кое на 2. ноември изврши напад во центарот на Виена, и уби 4 лица, а рани преку 20, го подготвувл својот стан за пресметка со полицијата, покажала истрагата.
Фејзулаи го прегрупирал мебелот во својот стан, како засолниште во случај да треба да се пресметува со полицијата. Веројатно сакал да се подготви кога полицијата евентуално ќе го бара.
Но, тој беше ликвидиран веднаш по нападот во центарот на главниот австриски град од страна на полицијата.
Можните соучесници кои беа приведени и поврани со настанот, ги отфрлија тврдењата на полицијата дека му помогнале за нападот. И од полицијата истакнаа дека засега немаат никакви докази дека Фејзулаи имал соработници и помош.
Единствено тој и неговиот пријател се во затвор. Станува збор за лице со кој Кујтим бил во Словачка, и се интересирал да купи оружје.
