Народниот правобранител ќе реагира без пардон: „Ќе ги демантирам неоснованите претпоставки на Алијанса за Албанците“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Народниот правобранител, Насер Зибери, на интервју за РСЕ, рече дека секој граѓанин кој ќе и се обрати на институцијата со која раководи ќе делува согласно околностите во рамките на надлежностите кои ги има, без пардон. Зибери рече дека нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција. А во врска со обвинувањата на АА рече дека тие се само неосновани претпоставки бидејќи, како што рече, Народниот правобранител, само што ја преземал должноста.

„Овие забелешки кои се упатуваат од страна на Алијансата се само нивни претпоставки дека Народниот правобранител нема да биде независен во вршењето на својата функција. Тие претпоставки често пати имаат алузии и не се основани од причина што Народниот правобранител сега стапува на должност. Треба да се даде простор и јас сум убеден дека со мојот ангажман ќе ги демантирам сите скептици и дека ќе ја оправдам довербата што ни ја даде и законодавната власт, но и даночните обврзници кои впрочем издвојуваат средства, за да ние бидеме чувар на слободите и на правата на граѓаните кога тие се доведени во прашање од страна на институциите кои постапуваат“, вели Насер Зибери – народеправобранител.