Под мотото Народот на прво место, коалицијата ВРЕДИ го промовираше кандидатот за претседател, Арбен Таравари во градот од каде што тој доаѓа и е градоначалник. Таравари вети дека ќе биде претседател за сите.
-Драги мои, мислам дека заврши времето на претседателите на кои им се даваат ножици во рака, сечат ленти за инаугурација и живеат во кристалните претседателски палати, губејќи го секој допир со реалноста, заврши, сакам да бидам претседател на народот, претседател кој ги претставува интелектуалците, Професорот, студентот, механичарот, докторот, наставникот и кој било друг што уште не си заминал, сакам да ги претставувам Албанците, Македонците, Турците од секоја етничка припадност за да ја направиме оваа земја поубава, а не поделена-изјави Таравари.
На конвенцијата говореа и лидерите на трите опозициски партии, Демократско движење, Алтернатива и Беса, кои ја критикуваа власта, обвинувајќи ја дека се обидуваат да го замолчат народот.
„Денес големиот брат ДУИ, владејачката партија ги организира животите на Албанците, им ги пишува вестите, историјата, им бира лекари, ги назначуваат судиите, па дури и каква музика да се слуша диктираат, кој ќе се осмели да ги прекрши правилата на партијата се отпушта со монтирани пресуди, со дискредитација на медиумите и сето тоа во име на националната кауза“, изјави Изет Меџити.
-Оние кои го кочеа развојот на Албанците, повеќе нема да ја имаат оваа можност! И самите знаат дека се безвредни пред коалицијата ВРЕДИ, честитки докторе и се надеваме дека ќе бидеш избран за претседател-вели Биљал Касами.
„Не ја донесовме ние победата, ја најдовме овде во Гостивар. Доаѓа 2024 година со пролет со две трки и три победи, изборната пролет се случи со раѓањето на коалицијата ВРЕДИ, ни во најлошиот сон не им се веруваше, оние што паѓаат и се креваат, распарчувајќи и тежејќи повеќе“, изјави Африм Гаши.
Поздравни зборови имаа и претставникот на Самоопределување во Македонија, Беким Ќоку и Нора Таравари, сопругата на претседателскиот кандидат Арбен Таравари.
