НАСА објави спектакуларни фотографии од слетувањето на роверот на Марс

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

НАСА објави спектакуларни фотографии од слетувањето на роверот на Марс, кој пристигна на „црвената планета“ во четвртокот вечерта по седуммесечен лет.

Првата фотографија објавена од НАСА се однесува на слетувањето на роверот на површината на Марс и го покажува како роверот се приближува до површината на Марс.

Камерата ја сними перспективата, нешто што не беше можно во претходните мисии, пренесува Си-ен-ен.

На снимката се гледа како се крева прашина од површината на Марс поради работата на моторот на роверот, кога тој беше само 6,5 метри над површината.

Првите слики што роверот ги испрати во четвртокот вечерта беа во црно-бела боја, а подоцна пристигнаа и фотографии во боја.

Една од нив покажува и камења на Марс.