Станува збор за водовод кој жителите на населбата 146 сами го изградиле за да имаат вода во своите домови. Од снимките се гледа дека овој систем не задоволува никакви еколошки стандарди, туку жителите ја користат водата само за одржување на хигиената. За да пијат, треба да наполнат вода од јавните чешми. Велат дека се измориле од 30 години ветувања и без вода за пиење.
„Видете преку ноќ полниме вода, преку ден обезбедуваме малку, но има проблеми, 30 години има проблеми, колку од овие куќи се изградени, се изградени по план, општината дала дозвола, гледаш како е патот, канализацијата е направена, не можеш да жалиш, се спасивме од јами (септички јами), за водата знае и општина, не зборуваме за оваа раководство или претходното , истото е, не само овој дел, и други делови, што ќе зборуваме, одиме во Скопје каде живеат Албанците, како е другиот дел, значи овде систематски ја оставено од државата, одиме во Охрид, населбите се како секаде, ова не е само овде“.
„Многу тешко, нема вода, , горниот дел од населбата нема, полнат, гробиштата имаат три чешми, тие ги полнат со вода за пиење, за миење имаме еден извор, таму полнат преку ноќ за миење. Другото не функсионира. Само за миење алишта и садови, тоа е одамна, со водата имаме проблем откако се направени овие домови, продолжени со лини но имаме проблем, сега градоначалникот треба да преземе мерки и се уште имаме проблеми и сме разговарале. Рече дека имаат проблем две резервари и поради нив останале и навистина имаме проблем, сега каде има застој не знаеме, рече дека треба да продолжи но не знаеме“.
Од општина Тетово велат дека вината е на жителите бидејќи дел од нив не дозволуваат багерот да почне со работа. Според општината, работите почнале пред 10 дена, но биле стопирани од жителите.
„По повеќе од три децении, со заложба на самиот градоначалник Касами во оваа населба, работите за новиот водовод започнаа пред десетина дена, додека неколкудневната пауза е поврзана со дозволата што се очекува да биде дадена од двајца жители за багерот да помине низ нивниот имот за да може да се постави и новиот водоводен систем. Се надеваме дека во соработка со жителите овој проблем еднаш засекогаш ќе се реши“, велат од Општина Тетово.
Проектот за водоснабдување на населбата 146 чини 11 милиони и 500 илјади денари.
