Нашиот „Св. Кирил и Методиј“ не бил ист со „Св. св. Кирил и Методиј“ од Бугарија кој доби дозвола за работа во Македонија, велат од Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), доби близнак од Бугарија, но според Владата тие се разликуваат.

Имено, се работи за универзитет со ист назив, кој пред неколку дена на владина седница доби одобрение да врши високообразовна дејност во Република Северна Македонија.

На прашање од СДК.мк за тоа зошто е дадено одобрение на странски универзитет со исто име како нашиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“, од Влада посочиле дека сè е по закон и прописи, и дека називот: ВЕЛИКОТРНОВСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново се разликува од нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Универзитет од Бугарија доби дозвола од Владата за работа во Македонија