Нашите инженери одат да работат во Мекдоналс – Ковачевски апелира да се усвојат уставните измени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со самитот ЕУ – Западен Балкан, кој се одржа во среда во Брисел. Ковачевски увери дека по отворањето на поглавјата на разговори со ЕУ, ќе се ангажираат сите капацитети, и на опозицијата и на власта, со цел земјата што поскоро да стане дел од ЕУ и да има придобивки од заедничкиот пазар. А со членството во ЕУ двојно ќе се зголемат платите бидејќи ќе се работи на пазар од пола милијарди, истакна премиерот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека младите сакат да си заминат од земјата и доколку станеме дел од ЕУ или не.

Инаку, околу 69% од граѓаните сметаат дека земјава не е подготвена за влез во ЕУ. Третина од испитаниците сметаат дека најважно за членство во Унијата е почитувањето на европските стандарди. Но, голем дел сметаат дека исполнувањето на условите од страна на соседите е многу важно. Ова се резултатите од анкета, во која беа опфатени 1.000 испитаници, а беше спроведена со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје.