Насилството и вознемирувањето меѓу врсниците, вклучително и онлајн, односно преку социјални мрежи, се две појави кои најмногу ги загрижуваат младите. Ова е заклучокот до кој дојде Иницијативата за европска перспектива во рамките на проектот „Платформа за граѓанско образование на младите за борба против радикализацијата“ на која беа претставени и демонстрирани најдобрите идеи за развој во општеството.
Менторката Тамара Петковска рече дека младите знаат насилство и дискриминација и бараат помош од стручни лица од областа.
Златко Апостолоски од Националниот комитет против тероризам вели дека е потребна посилна соработка и на централно и на локално ниво за да се амортизираат овие појави.
Што се однесува до војната против тероризмот, Апостолоски најави дека од Македонија во војните во Сирија и Ирак се регрутирани вкупно 143 лица, а нивната просечна возраст е 35 години.
