Насилство во Лондон: Влегле со ножеви во училиште, избодени два тинејџери, ја нападнале и полицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Насилството избувна во Елм Парк, источен Лондон, во саботата вечерта, кога група од околу 50 млади, вооружени со ножеви и мачети, упаднаа на 16-тиот роденден во основно училиште. Двајца тинејџери се избодени, а тројца уапсени за напад врз полицајци. Инцидентот се случил околу 21 часот во саботата, на 22 март, во холот на основното училиште „Елм Парк“ во Хаверинг, Есекс.

Според извештаите, група од 50-60 млади луѓе, за кои се верува дека се од Харолд Хил, ненајавено упаднала во забавата. Сведоците ја опишуваат сцената како „тотален хаос“ со тинејџери кои трчаат по улиците, фрлајќи оружје во дворовите.

„Видовме помеѓу 50-60 тинејџери како стојат надвор од училиштето, пијат и вдишуваат балони. Потоа влегоа во училишната сала и слушнавме врисоци и сите истрчаа на улица. Тие почнаа да се караат и слушнавме уште врисок додека тепачката продолжуваше надвор од нашите куќи.

Двајца тинејџери на возраст од 16 и 19 години се пренесени во болница со убодни рани. За среќа, нивните повреди не се опасни по живот. Полицијата потврди дека тројца тинејџери се уапсени под сомнение дека ги нападнале полицајците, кои во голем број пристигнале на местото на настанот. На полицајците им била укажана помош на лице место од екипа на Брза помош.

ФОТО: Архива