Нова победа на Клиниката за детски болести: Победничкото ѕвонче повторно заѕвони за малиот херој Бајрам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нова победа на Клиниката за детски болести. Победничка труба затруби, а победничкото ѕвонче повторно заѕвони за малиот херој #Бајрам, кој ја помина тешката битка со болеста.

Од Клиниката објавија видео од овој емотивен момент на социјалните мрежи, споделувајќи ја радосната вест.

„Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот херој БАЈРАМ храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Бајрам му посакуваме многу здравје и среќен живот – полн со радост и успеси!“, се вели во објавата.