Наскоро Македонија ќе го произведе првиот дрон, АТС – компанија која произведува 120 милиони куршуми годишно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Овие се куршуми од мал калибар.

Македонската компанија ATС годишно произведува повеќе од 120 милиони вакви куршуми.

Премиерот, Димитар Ковачевски, заедно со неговиот заменик Фатмир Битиќ и министерката за одбрана Славјанка Петровска, извести дека наскоро оваа компанија ќе произведе четири типа дронови кои ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, а целосно ќе се произведуваат во Македонија, според сите НАТО стандарди.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ги повика локалните компании да ги приспособат и преструктуираат производните процеси, односно да ги усогласат своите производи со највисоките стандарди на Алијансата, а тоа е услов за учество во тендерските постапки.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека оваа компанија е веќе регистрирана за учество на пазарот на НАТО и додаде дека интересот на компаниите за завршување на овој процес расте.

Инаку актуелно 40 домашни компании ги исполнуваат стандардите на НАТО за производнство.