Наскоро на кафе само со две примени дози – како Филипче ќе ја зголеми заинтересираноста за вакцинација?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Интересот на граѓаните за вакцинирање против корона вирусот е значително намален. Поминаа осум месеци откако започна процесот на имунизација кај нас и оттогаш се вакцинирани само 35% од вкупното население. Министерот за здравство, Венко Филипче, пред два месеци изјави дека до средината на октомври очекува околу еден милион жители да бидат целосно имунизирани.

Министерот Филипче призна дека интересот за вакцинација е намален, но не прецизираше какви чекори ќе бидат преземени во иднина за да се подобри нивото на вакцинација. Додаде дека ќе продолжи со кампања и дека по две недели граѓаните ќе можат да влезат во угостителските објекти само со две дози или  со целосна вакцинација против ковид-19.

Инаку кампањата „Вакцинирај се“ чија цел беше подигање на свеста кај граѓаните за имунизација, чинеше 300 илјади евра. Властите известуваат дека единствениот спас од Ковид-19 е вакцинацијата, а за да се постигне колективен имунитет во нашата земја мора да се вакцинираат околу 90% од населението. Здравствените власти очекуваат нов бран на Ковид-19, но Филипче изјави дека не очекува ескалација на ситуацијата, односно силен бран.