Наставниците ќе добијат покачување на платите од март следната година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование Весна Јаневска најави дека од март следната година, наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите, кое ќе изнесува од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките.

– Со оваа одлука сакаме да обезбедиме дополнителен мотив за наставниците. Она што претходно не беше реализирано, ние го постигнавме. Покрај тоа, кариерното натпреварување е уште еден стимул за професионалците во образованието. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше истакнато и во извештајот на Европската комисија – рече Јаневска.

Министерката потсети дека годинава ќе се одржат два вида на државна матура. Во средните стручни училишта, прашањата ќе бидат прилагодени на изучуваниот материјал, додека во гимназиите државната матура ќе остане со истите критериуми како и досега.

Исто така, учениците од средните стручни училишта ќе имаат можност да полагаат државна матура дури и ако не планираат да продолжат на факултет во својата струка.