Советот на Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на Општина Македонска Каменица на 4. седница одржана на 29 декември 2025 година донесе одлука за прогласување тридневна жалост на подрачјето на општината, поради смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска од Македонска Каменица.

Врз основа на Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Македонска Каменица, како денови на жалост се прогласени 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година.

Во текот на деновите на жалост се одлагаат сите настани од забавен карактер организирани по повод новогодишните празници. Воедно, државните знамиња пред јавните институции на територијата на општината ќе бидат спуштени на половина копје.

Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување и ќе биде објавена во „Службен гласник на Општина Македонска Каменица“.